Бришење на издавачот Агроплод АД Ресен од „Листата за набљудување“
понеделник, 04 јануари 2021

Ве известуваме дека на 04.01.2021 година Берзата изврши бришење на издавачот Агроплод АД Ресен од „Листата за набљудување“ што се објавува на веб страница на Берзата, поради тоа што друштвото ја заврши постапката за трансформација во ДООЕЛ. 

Агроплод АД Ресен беше внесен на 25.12.2020 година на „Листата на набљудување“ согласно 61-а од Правилата за котација, поради тоа што на Собранието на акционери на друштвото кое се одржа на 10.12.2020 година беше донесена одлука за трансформација на друштвото во ДООЕЛ.